More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 21.11. 2023

    spot_img

    На 20.11.2023 околу 13.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 60-годишниот тетовец Н.Б.. Тој бил баран со потерница вр зоснова на судска наредба, за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…

    Во текот на вчерашниот ден (20.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 112 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 63 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 49 надвор од населено место.

    На 20.11.2023 во СВР Тетово било пријавено дека во 17.10 часот кај клучка Жеровјане, пред с.Жеровјане, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор без регистарски ознаки, управуван од И.Т. (33) од с.Боговиње, тетовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(67) од с.Жеровјане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т. (60) од с.Боговиње, сопатник во тракторот, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пасат“, констатирани во Клиничка болница  Тетово. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Тетово.

    На 20.11.2023 во ОВР Гостивар било пријавено дека во 08.15 часот на патот Мавровска крстосница – Дебар, во близина на с.Болетен, општина Маврово и Ростуше, Ј.М. (40) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото се превртел на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.М., констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Гостивар.

    На 20.11.2023 во 18.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на ул.„Ставре Ставров“ во Неготино, Р.В.(57) од Неготино, управувајќи мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата Р.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во  болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

    На 20.11.2023 во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот кружен тек од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од С.З. (34) од Штип, автобус „мерцедес“, управуван од Ф.Р. (33) од Штип и мотоцикл „сузуки бургман“, управуван од А.Р.(37) од Штип, сите со штипски регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Штип.

    На 20.11.2023 во 20.50 часот во СВР Битола, Е.И.(44) од Битола пријавила дека на ул.„Цане Василев”  била касната од куче скитник.

    На 20.11.2023 во 13.40 часот во СВР Битола, Д.К.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 20.11.2023 во 12.00 часот во СВР Куманово, Д.М. (67) од Куманово пријавил дека на улицата „Драган Стопаревиќ“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img