МВР – Извадок на дел од дневни настани 20.09.2023

Lorita
By Lorita 14 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 19.09.2023 во 16.00 часот во с.Љубин, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 19.09.2023 во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.С.(28) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Е.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2023 околу 17.15 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје, дрога и опасни материи при МВР го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Љ.Ј.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 16 милиметри, 22 патрони од ист калибар и оштетена пломба за деактивирање на пушката. Покрај тоа, биле пронајдени и одземени пиштол „цз“ калибар 9 милиметри, три рамки и 13 куршуми од истиот калибар. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2023 во 06.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

На 19.09.2023 околу 17.30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Х.А.(51) од Скопје. На местото, тој со товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот и запрел. Поради сознанија дека превезува мигранти, било извршено пребарување на теренот и во близина на местото биле пронајдени три лица мигранти од Ирак, од кои двајца малолетници, кои потврдиле дека пред незгодата се превезувале во возилото. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 19.09.2023 во 11.15 часот Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Р.(52) од с.Али Коч, радовишко. Тој се сомничи дека на 18.09.2023 предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун. С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Исто така, тој признал дека на 31.07.2023 и 01.08.2023, на место викано „Градска депонија” во Радовиш, предизвикал пожар во кој била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување на куќа. По целосно документирање на случаите, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2023 во 14.30 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Љ.М.(47) од Куманово. При контрола на патничко возило „крајслер“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево. Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.

На 19.09.2023 околу 15.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.Е.(56) од тетовска Мала Речица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Се расчистува и документира случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2023 во 11.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(57) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- Advertisement -
Ad image

На 19.09.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2023 во 09.20 часот во село Велешта, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го лишиле до слобода И.М.(42) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.2023 околу 23.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот Ф.А. од тетовско Боговиње. При негов и преглед на патничкото возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Ф.А. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

На 19.09.2023 на ул.„Мирка Гинова“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Г.Д.(33) и Д.С.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

- Advertisement -
Ad image

На 19.09.2023 во 20.15 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода Д.А.А.(24) од Франција, со престој во Кичево, затоа што кај него била пронајдена и одземена зелена материја во вид на смола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.203 во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 31-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране и В.С.(69) од гостиварско Врапчиште, затоа што при преглед кај нив, кај Ш.Ф. бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас…

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (19.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 112 возачи, меѓу кои 35 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 1 возач за управување под дејство на алкохол, 22 санкции за непрописно престигнување, 16 санкции за непрописно паркирање. Изречени се четири санкции за користење на мобилен телефон при возење…

На 19.09.2023 во периодот од 08.00 до 20.00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. При контролата биле откриени и санкционирани 20 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-13 и ГВ-7), од кои 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) за над 50 километри на час. Санкциониран, исто така, бил и 1 (ТЕ)  ваков прекршок во населено место и 21 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ-19  и ГВ-2). На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила со парични глоби кои се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.

На 19.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 38 прекршоци од кои 29 надвор од населено место и 9 во населено место. Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за неносење заштитен шлем и 2 за непрописно паркирање.

На 19.09.2023 во 11.30 часот во СВР Тетово,  50-годишната тетовка И.К. пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче скитник.

На 19.09.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионален пат во близина на влез во с.Бучиште, пробиштипско, патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(20) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Р.(42) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

На 19.09.2023 во 12.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.М.(25) од Скопје пријавила дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ била касната од куче скитник.

На 19.09.2023 во 19.28 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Черења“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.З.(46) од Штип и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.О.(24) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

На 19.09.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.В.(68) од Скопје пријавил дека во населбата Пинтија бил каснат од куче скитник.

Share This Article