МВР- Извадок на дел од дневни настани, 19 Февруари, 2024

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска (19.02.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода М.Г.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 18.02.2024 околу 21.30 часот на улица „107“ во Блок 82 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот Р.А. од тетовски Раковец затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 18.02.2024 во 00.10 часот на плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода О.Х.(41), А.Д.(18) и М.И.(20), сите од Струмица, затоа што при преглед кај нив, кај О.Х. била пронајдена и одземена марихуана и тој бил задржан во Полициската станица Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 18.02.2024 околу 14 часот и 30 минути на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 24-годишниот Р.М. од Кичево. Тој бил баран со централна потерница со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било  спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. 

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 815 возачи. Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол, две санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло… 

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 февруари) од 14.00 до 19.00 часот спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која биле изречени вкупно 108 мерки (ТЕ-68 и ГВ-40). При контролата биле откриени и санкционирани 63 возила, односно возачи (ТЕ-42 и ГВ-21) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, најмногу на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар,  од кои 4 (ТЕ-3 и ГВ-1) за над 70 километри на час, а 17 (ТЕ-9 и ГВ-8) за над 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 45 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-26 и ГВ-19) во населено место, како и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-7). На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска протиивердност. На оние кои пречекориле за повеќе од 50 километри на час времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. 

На 18.02.2024 во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Л.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.    

На 18.02.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во с.Норово, крушевско, М.Б.(23) од с.Норово, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Крушево. 

- Advertisement -
Ad image

На 18.02.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на  автопатот Скопје-Велес, патничко моторно возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(70) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Share This Article