More

    МВР: Извадок на дел од дневни настани 17.02.2023

    spot_img

    На 16.02.2023 во 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје во Одделот за криминалистичка полиција при МВР и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом ,извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  марихуана, повеќе пакувања со гранки и лисја од растението канабис, семки од канабис и едно пакување со густа црна материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 16.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 17.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(23) од Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 16.02.2023 во 20.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 16.02.2023 околу 21.20 часот во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.В.(26) и К.А.(26) од гостиварски Градец и С.А.(24) од Гостивар. При нивен и преглед на патничко моторно возило „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

    На 16.02.2023 околу 19.50 часот на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Р.(18) од тетовска Мала Речица и Е.Н.(18), А.А.(18) и Е.Т.(18), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

    На 16.02.2023 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(27) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 16.02.2023 во СВР Битола било пријавено дека во дворното место на С.М.(61) во с.Кукуречани, битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната со калибар 122 мм. од Првата светка војна. Гранатата била безбедно подигнта од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Увид бил извршен.

    Во текот на вчерашниот ден (16.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.02.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 67 возачи. За време на контролата санкционирани се и 118 останати прекршоци.

    Во текот на вчерашниот ден (16.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатени четири возила.

    На 16.02.2023 од 10.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, во која се откриени и санкционирани вкупно 28 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-8). Најголемиот број од прекршоците (20) се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани пешачки премини. Покрај ова, санкционирани биле и 9 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од прекршителите и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

    На 16.02.2022 во 07.15 часот во СВР СКопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ со ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.С.(60) од Битола, удрило во велосипед управуван од А.Ѓ.(49) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 16.02.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува обиколница на град Скопје со крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ со ул.„Старцински Пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Булачани, скопско и патничко моторно возило „југо корал“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(73) од с.Булачани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „југо“, Л.Т.(73) од с.Булачани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 16.02.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ со бул.„8-ми Септември“, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(79) од Скопје. По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, по што заминал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

    На 16.02.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, И.Љ.(28) од Охрид пријавил дека на ул.„Лондонска“ бил каснат од куче скитник.

    На 16.02.2023 во 11.25 часот, З.М.(43) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

    На 16.02.2023 во 14.25 часот СВР Тетово, А.А.(75) од Тетово  пријавил дека на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img