МВР – Извадок на дел од дневни настани, 16.12.2024

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик.
Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.

На 16.12.2024 во 02.35 часот на улица „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) од с.Порој, тетовско, поради сомнение дека во 02.10 часот на улица „Прохор Пчински“ се обидел да изврши „тешка кражба“ во возило, сопственост на Ц.С.(36) од Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 15.12.2024 во 20.25 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Х.(25) од Република Хрватска затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 15.12.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.М.(38) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.12.2024 во 18.50 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го привеле А.А.(27) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што при извршена пасошка и гранична контрола било констатирано дека евидирал на СТОП листа по наредба на Основен суд Тетово. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.

На 15.12.2024 во 00.45 часот на место викано „Две дупки“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Блаце ги затекнале Р.В.(44) од Косово и Е.О.(18) од с.Боговиње,тетовско. При нивно легитимирање било утврдено дека патната исправа на Е.О. била преправана. Тој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик, а Р.В. бил приведен поради сторен прекршок по член 10 од Законот за странци. Тие биле предадени во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(54) од Битола, удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди на местото починал сопатникот М.К.(80) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На 15.12.2024 во 15.05 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип -Кадрифаково, патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(53) од с.Таринци, општина Карбинци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 15.12.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во Л.Ј.(68) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

- Advertisement -
Ad image

На 15.12.2024 во 17.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.К.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 16.12.2024 во 08.30 часот во СВР Битола, С.К.(63) од с.Перово, ресенско, пријавила дека на крстосница од ул.„Ленинова” и ул.„Борис Кидрич” била касната од куче скитник.

Share This Article