На 15.10.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Одделот за криминалистиччка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР ги лишиле од слобода М.С.(42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола. При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола, против нив е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 15.10.2023 во 12.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(26) и С.Т.(29), двете од Кавадарци. При претрес извршен со судска наредба, А.Н.(21) од Кавадарци била затекната во нивниот дом при користење марихуана, која ѝ била одземена, додека од А.Т. и С.Т. биле одземени неколку пакувања марихуана. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.10.2023 на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Ќ.(23), Н.М.(18) и С.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека со употреба на сила и подесен алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (16.10.2023) во 00.20 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода Р.Ц.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 15.10.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 15.10.2023 во 10.15 часот на Граничниот премин „Богородица“, полициски службеници го привеле А.Џ.(69) од Република Србија, затоа што при извршени проверки било констатирано дека бил баран со потерница. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (15.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 723 возачи. Од нив 42 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 423 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 300 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 11 санкции за возење без возачка дозвола, 18 санкции за управување возило под дејство на алкохол, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (14/15.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 178 возачи, меѓу кои 93 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 13 возачи за управување под дејство на алкохол, 6 санкции за непрописно престигнување. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…
На 15.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 65 прекршоци, од кои 58 надвор од населено место и 7 во населено место (Свети Николе – 17, Штип – 14, Берово- 10, Кочани – 9, Виница – 8, Пробиштип – 4 и Делчево – 3). На 14/15.10. во времето од 23.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 8 прекршоци. Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за непрописно престигнување, 1 за некористење на заштитна кацига и 4 за непрописно паркирање.
На 15.10.2023 во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека кај с.Оптичари, битолско, на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(67) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата, сопатничката З.П.(84) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 15.10.2023 во 22.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.А.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Вера Јоциќ“ бил каснат од куче скитник.
На 15.10.2023 во 21.20 часот во Полициската станица Драчево, Т.З.(50) од Скопје пријавила дека во с.Орешани, скопско, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.