More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 15.12.2023

    spot_img

    На 14.12.2023 во 20.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ.З.(40) и Ж.Р.(33), двајцата од Охрид. Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума на пари. Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.12.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „дрска кражба“, го лишиле од слобода Б.В.(24) од Битола. Имено, Б.В. се сомничи дека извршил дрска кражба на ранец во кој имало повеќе лични документи и пари. Исто така, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, го лишиле од слобода Ѓ.М.(35) од Битола. Тој се сомничи дека од магацински простор на здравствена установа во Битола одзел повеќе средства за хигиена. Со двајцата биле извршени службени разговори, при што ги признале делата, а одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По документирање на настаните против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

    На 14.12.2023 во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп на ул.„Ѓорѓи Абаџиев” во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.12.2023 во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода А.Ќ.(32) и А.Б.(35), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар физички ја нападнале вработената и одзеле неколку предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.12.2023 во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.А.(32) од село Костурник, кумановско, Ф.А.(32) од село Горно Којнаре, кумановско и С.М.(21) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
    На 14.12.2023 во 20.45 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Р.(23), Е.Р.(30), двајцата од Прилеп и Г.М.(18) од Битола затоа што при преглед кај нив, кај И.Р. биле пронајдени и одземени мархуана и капсули трамадол. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

    На 14.12.2023, од страна на полициски службеници од СВР Битола, на патот Битола – Прилеп во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д.Т.(25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.12.2023 во 16.40 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници ја привеле Ј.Н.(20) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека во државата престојувала подолго од дозволеното. Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (14.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возачи. Од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 57 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест, пет мерки за користење на мобилен телефон, 15 санкции за прекршоците што ги прават пешаците…

    На 14.12.2023 во 15.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, атар на с.Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.С.(50) од с.Отља, општина Липково и товарно моторно возило „форд“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(41) од с.Виштица, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

    На 14.12.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„9 Мај“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од Скопје, удрило во М.Т.(74) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
    На 14.12.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.И.(47) од Скопје пријавил дека на ул. „Крсте Асенов“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 14.12.2023 во 18.40 часот, И.З.(54) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Прилепска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img