More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 15.11.2023

    spot_img

    На 14.11.2023 околу 16.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 28-годишниот гостиварец А.И. Тој се барал за издржување на затворска казна од година и пол за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    На 14.11.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј.(45) од Струмица, затоа што кај него е пронајдена марихуана. Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 14.11.2023 во 16.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец В.Н.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 14.11.2023 околу 17.50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.М.(34) од Република Србија. Во возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал. М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.11.2023 кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана. Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.11.2023 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Џ.(19) и 35-годишната М.М., двајцата од Велес. Тие се сомничат дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети.
    С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.11.2023 во 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(31) од Куманово. Тој бил затекнат на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово при обид да одземе предмети од деловен објект. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 14.11.2023 околу 16.15 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Ш. од ова село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе следува законски предвидениот поднесок.

    На 14.11.2023 година во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(30), С.Д.(22) и Д.Д.(32), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 04.11.2023 на улица „Маршал Тито“ во Куманово влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

    Денеска (15.11.2023) во 00.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Ѓ.(41) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.11.2023 во 23.20 часот во с.Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(28) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.11.2023 во 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.11.2023 во 23.50 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.М.К.(40) од Шведска, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Против него е поднесена соодветна пријава.

    На 14.11.2023 во 23.30 часот на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Д.(57) од с.Мажучиште, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Притоа, тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот против Н.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.11.2023 во 19.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода З.Л.(45) од Кичево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкциja, 21 меркa за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 19 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непрописно престројување на возила…

    На 14.11.2023 од 16.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола – како и колку возачите ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 26 возачи (ТЕ-15 и ГВ-11). Најголемиот број од возачите не им дале предност, односно не ги пропуштиле пешаците кои се подготвувале или веќе започнале да ги преминуваат улиците на обележани премини. При контролата, исто така, со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-7). Возачите-прекршители ќе се соочат со парични глоби од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од нив и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

    На 14.11.2023 околу 16.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Дисанска река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Г.Ц.(64) од село Тремник, неготинско и трактор, управуван од Д.Т.(71) од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ц.(56) од село Тремник, сопатничка во патничкото возило „опел“ и возачот на тракторот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

    На 14.11.2023 во 16.35 часот во Полициската станица Аеродром, П.М.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Руди Чајевац“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 14.11.2023 во 22.20 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ц.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

    На 14.11.2023 во 16.00 часот во Полициското одделение Петровец, Д.С.(69) од Скопје пријавил дека во с.Дивље бил каснат од куче сопственост на негови соседи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img