More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 10 Март, 2023

    spot_img

    На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

    На 09.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 3.Б.(29) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  марихуана, прашкаста  материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.03.2023 околу 21.45 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и малолетник од ова село. Тие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

    На 10.03.2023 во 00.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода И.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 10.03.2023 во 00.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 10.03.2023 во 01.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода Н.Ј.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 09.03.2023 во 17.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ц.(25) и В.Ј.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 09.03.2023 околу 21.45 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовски Раковец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 09.03.2023 во 21.45 часот пред казино на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Т.(30) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 08.03.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во село Лопате, кумановско, била пронајдена граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна. Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 255 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 158 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…

    СВР Тетово продолжи со сообраќајните контролни активности на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера (09.03.2023) од 08.00 до 16.00 часот биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила (ТЕ-4 и ГВ-2). Две од возилата (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 3 возила неисправни други уреди и системи (ТЕ-2 и ГВ-1) и 1 возило (ТЕ) други технички недостатоци. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци. При контролата, исто така, откриени се и 3 возачи (ТЕ) кои управувале без возачки дозволи, 2 (ГВ) нерегистрирани возила и 1 возач (ТЕ) кој управувал со важечка забрана за управување. Санкционирани биле и 45 непрописно паркирани возила (ТЕ-38 и ГВ-7), како и 43 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-4). Исто така вчера, од 08.00 до 22.00 часот, спроведена е и акциска контрола за брзина, во која биле санкционирани 25 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-15 и ГВ-10), од кои 1 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час, како и 18 пречекорувања (ТЕ) на пропишаната брзина во населено место, од кои 1 за повеќе од 50 километри на час. Во контролата биле констатирани и санкционирани и 55 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-54 и ГВ-1).

    На 09.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 14 во населено место и 4 надвор од населено место. Санкционирани биле и 62 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 46 за непрописно паркирање.

    На 09.03.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Центар, М.Н.(51) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.

    На 09.03.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, П.А.(35) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img