More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 10.10.2022

    spot_img

    Денеска (10.10.2022) во 10.10 часот на ул.„Битпазарска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Љ.(20) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од 18 месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.  Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.

    На 09.10.2022 во 15.50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода С.М.(24) од Република Србија. Во возилото „бмв“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 10.10.2022 во 03.20 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.А.(27) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.10.2022 во 19.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(36) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.10.2022 околу 13.00 часот на плажа во близина на Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Ч.(29) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.10.2022, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.А.(21) и М.Ѓ.(23), двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 10.10.2022 на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп  го  лишиле од слобода Б.С.(51)  од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во Полициска станица Прилеп и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

    На 09.10.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за возење без возачка дозвола, девет мерки за прекршоци што ги пешаците. Изречени се шест мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    На 09.10.2022 во периодот од 14.00 до 19.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола за престигнување, во која била откриени и законски санкционирани вкупно 65 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-46). Шеесет и четири од прекршоците се однесувале на престигнување на забранети места, а еден на престигнување во колона (ТЕ-1). На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, а санкционирани биле и 6 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. Истиот ден, од 20.00 до 23.00 часот, на тетовското подрачје спроведена е акциска контрола за брзина, во која со т.н.„ноќен радар“ биле констатирани и санкционирани 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Осум од пречекорувањата биле за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, исто толку до 70 километри и едно до 50 километри на час над дозволеното. Санкционирани, исто така, се и 11 пречекорувања на брзината во населено место, како и 2 други видови прекршоци.

    На 09.10.2022 на подрачјето на СВР Штип била  спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 20 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  Истиот ден, во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведена е акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачите за непрописно престигнување. Притоа, биле изречени санкции за 9 прекршоци. На 08/09.2022 во времето од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 24 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 35 други видови на прекршоци, од кои 19 за управување возило без возачка дозвола, 5 за управување нерегистрирано возило, 4 за возач почетник, 1 за претовар, 2 за некористење сигурносен појас, 3 за користење мобилен телефон  и 1 за непрописно паркирање.

    Во текот на  вчерашниот ден  (09.10.2022), во периодот од 14.00 до 19.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 24 возачи. За време на контролата биле санкционирани и  останати 16 прекршоци.

    На 09.10.2022, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила кои извршиле небезбедно престигнување на места каде тоа е забрането (Охрид-16, Кичево-06). Во Дебар, санкционирани се шест возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење (во населено место-03, надвор од населено место-03).

    На 09.10.2022 во 22.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Општина Липково, атар на с.Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.М.(22) од с.Оризари-општина Липково и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(27) од с.Отља, липковско, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „ауди“, С.И.(21) од с.Липково, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 09.10.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во с.Милетино, тетовско, трактор „имт 533“ со полуприколка, со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(66) од с.Блаце, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник С.Б.(36), двајцата од с.Блаце, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

    На 09.10.2022 во 23.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Џ.Б.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ бил каснат од куче скитник.

    На 09.10.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, Р.Р.(40) од Куманово пријавил дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 09.10.2022 во 20.15 часот во Полициската станица Карпош, В.Б.(45) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img