На 09.05.2023 во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници. Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај с.Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу бил фатен и лишен од слобода. А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.05.2023 околу 16.00 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 53-годишниот Ч.М. од гостиварски Градец за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
На 09.05.2023 околу 20.00 часот пред казино лоцирано на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.Т.(20) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.05.2023 во 12.20 часот во населбата Точила во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле К.М.(42) и Е.Ч.(36), двајцата од Република Албанија, затоа што, при извршена контрола заедно со Државен инспекторат за труд на градилиште на станбена зграда, биле затекнати при вршење работни задачи без дозвола. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, четири мерки за непрописно престигнување, 14 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се четири санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила….
Во текот на вчерашниот ден (09.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место.
На 09.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 9 во населено место и 4 надвор од населено место. Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за возач почетник, 1 за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање.
На 10.05.2023 околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 09.05.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(27) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(44) од Скопје и пешакот А.Д.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.05.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Аеродром, З.Р.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
На 09.05.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.М.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил каснат од куче скитник.
На 09.05.2023 во СВР Битола, А.Ј.(56) од Битола пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.
На 09.05.2023 во ОВР Прилеп, М.А.(39) од Битола пријавил дека во населба Тризла во Прилеп бил каснат од куче скитник.
На 09.05.2023 во 14.47 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, атар на с.Очипала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(22) од с.Студеничани, скопско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(64) од Македонска Каменица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.И., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.