More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 06.07.2023

    spot_img

    На 05.07.2023 во 10.30 часот од страна на полициски службеници од  СВР Велес лишен е од слобода А.А.(31) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени 19 пакувања со кафеава прашкаста материја. Лицето е приведено и задржано во Полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 05.07.2023 во Штип, од страна на полициски службеници од Полициска станица Штип од слобода се лишени О.М.(45) од Штип и И.Д.(31) од Велес. При претрес во просториите каде што престојувале, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (05.07.2023) околу 13.00 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, ја лишиле од слобода 22-годишната Њ.Ј. од тетовско Пршовце, затоа што при нејзин и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувала, била пронајдена и одземена марихуана. Таа е задржана во Полициската станица Тетово и по документирање на  случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 05.07.2023 во 08.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Г.(40) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (05.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 231 возач. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.

    На 05.07.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Индира Ганди“, мопед „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ.(60) од Битола, удрил во малолетничка од Скопје. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетничката со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

    Во текот на вчерашниот ден (05.07.2023) во периодот од 08.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 207 пешаци, од кои 185 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 112 други видови на прекршоци.

    На 05.07.2023 во 13.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, во атар на место викано „Ергеле“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко  возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(61) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од И.Д.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. и сопатник од возилото „шкода“ С.Д.(35) од Скопје, а возачот И.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 42 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..

      На 05.07.2023 во 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Св.Наум-Охрид, кај населбата Рача, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(26) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од с.Пешатни, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник М.К.(26) од с.Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

    На 05.07.2023 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, С.С.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Аговски“ била касната од куче скитник.

    На 05.07.2023 во 21.00 часот, Б.Т.(46) од Кичево во полициска станица пријавила дека нејзината малолетна ќерка, на улица „Влашки пат“ во Кичево, била касната од куче скитник.

    На 05.07.2023 во 14.50 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Б.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img