„Ова се случува кога со амбасадорот сте фанови на познатиот актер Ричард Гир“, напиша Орхан Муртезани синоќа откако направи гаф нарекувајќи го евроамбасадорот Ричард Гир.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, вчера, по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир, во изјава за медиумите рече дека имал „многу успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир“. Тој го објави гафот го објави на својот профил на Фејсбук и направи шега на своја сметка.
Самиот тој за време на изјавата не забележа дека направил гаф, а го исправи некој од новинарите, по што Муртезани го изговори вистинското име на евроамбасадор Дејвид Гир.
Евроамбасадорот се насмеа.