More

    Мурињо објави селфи со Горан Пандев

    spot_img

    Горан Пандев потсети на своите најдобри денови во дресот на Тимот на светот, за кој постигна и гол на ревијалниот натпревар во Букурешт со славната генерација на Романија што стигна до четвртфиналето на Светското првенство во 1994 година, па македонската фудбалска легенда избори место и на профилот на Инстаграм на Жозе Мурињо.

    „Кралот на Македонија“, напиша Португалецот над селфито со најдобриот стрелец во историјата на македонската репрезентација, кому му беше тренер и во Интер во походот на шесте титули во една сезона, меѓу кои и трофејот во Лигата на шампионите.

    Пандев зголеми на 2:0 за Тимот на светот, за кој настапија и Литманен, Коуто, Ривалдо, Дида, Савиола, Маикон, Карембу, Стоичков, но романските ѕвезди Стелеа, Прунеа, Петреску, Попеску, Радучоју, Димитреску, Лакатуш итн. направија пресврт и на крајот славеа со 3:2.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img