Жозе Мурињо во интервју за БТ Спорт го коментираше својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед и објасни зошто бил во право кога е во прашање тимот од Олд Трафорд.
Тој го водеше Јунајтед од 2016 до 2018 година, а кога го напушти клубот изјави дека завршил добра работа со освојувањето на Лигата на Европа. Оттогаш, Манчестер Јунајтед нема освоено ниту еден трофеј, на што Мурињо исто така алудираше пред неколку години дека ќе се случи.
„Навивачите на Јунајтед се посебни, а во клубот има многу добри луѓе. Не ми е мило што бев во право, но знаев дека сум. Според мене, кога работите не одат добро, потребно е да се промени менталитетот на клубот, а тоа тогаш не се случи. Знаев дека моето заминување нема да ја реши ситуацијата, им посакувам се најдобро“, изјави Мурињо чија Рома игра во финалето на Конференциската лига против Феенорд.
Натпреварот е закажан за 21 часот.