More

    Му запалиле оган за да се згрее додека ги чекале силните момци од ЕБР да го кренат на носилка

    spot_img

    Едно повозрасно лице денеска попладне се лизнало на една од зармзнатите патеки на планината Водно и ја скршило ногата, па напомош биле повикани спасувачки екипи преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    „Покрај два припадника од МВР, медицинскиот тим од скопската Итна медицинска помош многу пожтвувано, заради планската оддалечена од пат локација на повредениот, пешки стигнале до местото на настанот со голема внимателност по замрзнатата патека, што сѐ повеќе замрзнувала како што одминувал денот и се намалувале температурите. На лице место, со помош на полицајците од ПС Карпош му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, болница. Притоа тие и го загреале, бидејќи било сѐ постудено. Од ЦУК, паралелно биле контактирани и припадниците на Армијата, коишто имаат пункт на Средно Водно, а истовремено било контактирано и со Хеликоптерската единица за да се има комуникација во случај на потреба, но по кооринацијата, овие два субјекта немало потреба да интервенираат во конкретниот случај – но, биле во состојба на подготвеност. Регионалниот ЦУК Скопје информираше дека во 17.00 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР. Тоа е од причина што локацијата и времето од денот дозволувала само на раце да се носи со носилка од силни луѓе со познавање на движење по планински патеки до возилото на итната медицинска помош околу еден час и повеќе“, информираше ЦУК преку соопштение.

    Според првичните информации од терен, наведено е таму, повредениот возрасен граѓанин бил пасиониран и искусен вљубеник во Водно и на планинското пешачење, па речиси секоја недела се искачувал на Водно, дури и по трипати во некои недели.

    Но, денешното планинско пешачење на крајот од денот било кобно и по ненадејното лизгање ја скршил ногата.

    Го пронашол друг граѓанин кој ја користел истата патека за пешачење којшто и се јавил на 112 во ЦУК.

    „Центарот за управување со кризи (ЦУК), го повторува повикот за внимателност при движењето по планините, како и медиумите што секојдневно апелираат, бидејќи на повисоките места снегот е замрзнат, а се појавува голомразица на почетокот или крајот на денот, особено на осоите, и секако не треба да се потценува Водно, како што често знаат да кажат искусните планинари, како лесна планинска патека, поточно треба секогаш да се внимава и да прилагодува посетителот на условите, без разлика на големината на планините по коишто се пешачи или се вози со возила“, наведуваат од ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img