More

    Му дојде крајот на топлотниот бран?

    spot_img

    Утрово веќе врне на северот на Војводина, Србија, додека дождот од Босна се приближува до областа Подриње во западна Србија. Во текот на денот следува посилен временски пресврт, пишува српски Телеграф.

    Во текот на претпладневните часови врнежи од дожд и грмежи се очекуваат главно во северните и западните предели на Србија, а врнежи со грмежи во моментов има и во делови од Метохија.

    Во средината на денот врнежите ќе се засилат над западните предели на Србија со тенденција на поместување во правецот на северозападна висока струја кон централниот, југозападниот, јужниот, југоисточниот и кон источниот регион на Србија.

    Во овие предели ќе има услови за појава на грмежи и непогоди со град, невреме и обилни врнежи од дожд, а за краток временски период може да наврне и поголема количина на дожд.

    Во средината на денот и во попладневните часови најобилни врнежи се очекуваат во западните и во југозападните предели на Србија, каде на поголема површина од овие региони може да наврнат над 30-40 литри дожд на метар квадратен.

    По повеќе од 17 дена може да каже дека денешното освежување се должи на завршувањето на топлотниот бран при кој температурите достигнаа и до 42 степени Целзиусови, а ова беше еден од најинтензивните топлотни бранови во последните години.

    Македонија исто така ќе биде зафатена од невремето.

    Денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветар, пишува на порталот на УХМР.

    Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img