Мозокот зад успехот на Трамп ја сака Белата куќа, а сега е одговорен за најконтровезните именувања

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доналд Трамп Јуниор се појави како највлијателен советник на семејството во време кога неговиот татко го создава најконтроверзниот кабинет во модерната американска историја, тврдат извори блиски до најстариот син на новоизбраниот американски претседател, пишува Гардијан.

Со оглед на тоа што на Доналд Трамп му е уставно забрането да се кандидира за претседател во 2028 година, тоа ја отвора вратата за нов список на кандидати кои ќе се кандидираат таа година.

Додека Скај њуз пишува дека најмладиот син на новоизбраниот американски претседател Барон Трамп, кој сега има 18 години, би можел да биде претседател на САД во 2044 година, шансите за обложување на главните кандидати за претседателската функција во 2028 година покажуваат дека Џеј-Ди Венс, новоизбраниот потпретседател на Трамп, е фаворит. Според листата на коефициенти за главните кандидати на изборите во 2028 година на порталот „Sportsbettingdime.com“, Венс (3/1) го следат Мишел Обама, Гевин Њусом, Рон Десантис, Тулси Габард, Хилари Клинтон, Такер Карлсон, Камала Харис, Ники Хејли, дури и Опра Винфри, Џош Шапиро, Роберт Кенеди Јуниор (33/1), Вивек Рамасвами и како деветти на листата, Доналд Трамп Јуниор (40/1).

Не е последен. Зад него се Тим Волц, Александрија Окасио Кортез, Даг Бергам, Илон Маск, Гретчен Витмер и Иванка Трамп (50/1), но и Двејн Џонсон, Елизабет Ворен, Џеј Би Прицкер, Лиз Чејни и Марк Кели.

Доналд Трамп Јуниор највлијателниот глас во семејството

Трамп Јуниор во некои случаи промовираше неискусни лојалисти, наместо поквалификувани кандидати за високи позиции во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

За време на првата администрација на Трамп, неговата постара ќерка Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер беа политички советници на највисоко ниво, додека неговите синови Доналд Јуниор и Ерик беа главно задолжени за водење на семејниот бизнис.

Иванка и Џаред се повлекоа од политиката откако Трамп ја загуби претседателската трка во 2020 година од Џозеф Бајден, како и за време на последователните справувања на Трамп со серија граѓански и кривични случаи. Но тие повторно станаа присутни по неговата победа на изборите на 5 ноември, пишува Гардијан.

Сега извори на Ројтерс рекоа дека Доналд Јуниор во моментов е водечки глас меѓу потомците на Трамп за да влијае на неговиот татко и дека новоизбраниот претседател особено се потпира на својот најстар син за совет за стратегијата на Белата куќа.

- Advertisement -
Ad image

Контроверзни избори

Но, најмалку два од поконтроверзните избори за кои се залага Доналд Јуниор се соочуваат со тешки предизвици за потврда во Сенатот, анти-ваксерот и теоретичар на заговор Роберт Ф. Кенеди за министер за здравје. Како и поранешната демократската конгресменка Тулуси Габард, која е соочена со загриженост од двете страни поради нејзините интереси поврзани со Русија и недостатокот на искуство во разузнавачката заедница.

Иманувањата наскоро ќе продолжат, објави Вашингтон пост.

- Advertisement -
Ad image

Ројтерс разговараше со повеќе извори – вклучително и донатори, политички сојузници и пријатели – кои го потврдија влијанието на Доналд Јуниор во номинирањето имиња за функцијата, вклучително и неискусни лојалисти. Токму Доналд Јуниор е заслужен за изборот на Џеј Ди Венс за потпретседател.

– Овојпат реалноста е дека ние всушност знаеме што правиме. Се работи за опкружување на татко ми со луѓе кои се и компетентни и лојални – изјави Доналд Јуниор за Фокс њуз претходно овој месец.

Кој е Доналд Трамп Јуниор?

Доналд Трамп Јуниор е најстарото дете на новоизбраниот американски претседател и еден од членовите на семејството кој беше поактивен за време на изборната кампања. Тој главно остана зад сцената, градејќи блиски односи со изборната база МАГА (Направи ја Америка повторно голема). Трамп Јуниор, кој е извршен потпретседател на Организацијата Трамп и водител на подкастот „Triggered“, му припиша заслуга на својот пријател Џеј Ди Венс, сенаторот од Охајо кој еднаш го критикуваше неговиот татко, за обезбедувањето на номинацијата за потпретседател.

– Тоа е неверојатен и одличен избор – рече Трамп помладиот на Националната конвенција на Републиканците.

Некои тврдат дека тој би можел да биде мозокот зад новата администрација. Тој беше тесно вклучен во транзицискиот тим на неговиот татко и неизбежни се шпекулациите дека би можел да добие истакната улога – можеби со око на сопствената политичка иднина.

Доналд Трамп Јуниор беше во брак со Ванеса Трамп, со која има пет деца. Негова вереница од 2022 година е Кимберли Гилфојл.

Share This Article