Москва објави дека украинските сили рано утринава ги гранатирале руските региони Курск и Белгород преку границата.
Градоначалникот на Белгород, Вјачеслав Гладков, на Телеграм напиша дека селото Валујки е под украински оган во 7:36 часот по локално време, пренесува Ројтерс.
Гувернерот на Курската област Роман Старовојт изјави дека училиште и приватна куќа биле оштетени кога селото Тјоткино било под оган.
Руските власти објавија и дека 25 цивили се повредени во експлозија за време на артилериски оган во градот Макеевка во источна Украина.
Градоначалникот на Доњецк, Денис Пушилин, кој беше назначен од Москва, утринава на Телеграм напиша дека меѓу повредените во нападот на градот има две деца.
Украинската армија синоќа објави дека цел на формација на руски сили лоцирана во Макеевка, без да споменува цивили, пренесе Ројтерс.
Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата во Украина контролирана од Русија.
Експлозиите и нападите на руските области во близина на границата со Украина се речиси секојдневни во последните неколку месеци, а руските власти ги обвинуваат или украинските сили или проукраинските диверзанти.