More

    Шпанската полиција пронашла рачно изработена подморница за транспорт на наркотици

    spot_img

    Во северозападна Шпанија, Граѓанската гарда пронашла рачно изработена и речиси потоната подморница за која се сомнева дека била користена за транспорт на наркотици.

    Речиси проѕирната подморница од фиберглас, која плови веднаш под површината на водата без можност целосно да се потопи и е долга 16 метри, ја пронашла полицијата во заливот Аруса, објави Асошиетед прес.

    Се уште нема информации дали во подморницата имало некаков вид на наркотици или намерно е потоната по растоварувањето на нејзината содржина.

    Шпанските медиуми објавија дека властите сè уште не можат да ја отворат подморницата и дека работат на нејзино извлекување од заливот и покрај немирната вода и лошите временски услови.

    Надлежните најавија дека по првите проверки во подморницата не била пронајдена дрога и дека повеќе ќе се знае по истрагата.

    Цивилната гарда објави дека Специјалната група за подводни активности се обидува да ја извлече подморницата од водата и дека нуркачите го истражуваат потопениот дел, пишува британскиот весник Дејли Меил.

    Во неделата колумбиската морнарица пронајде и заплени слична подморница долга 14 метри во Тихиот Океан, во која имало повеќе од 2,6 тони кокаин и две безживотни тела.

    При претресот, властите во подморницата пронашле и двајца преживеани на кои им била укажана лекарска помош на блискиот брод.

    Сличен сад со три тони кокаин беше пронајден во 2019 година во залив на северот на Шпанија. Слични методи на шверц на дрога се забележани во Атлантскиот Океан, особено во Централна и Јужна Америка, но не се толку чести во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img