More

    Москва: САД имаат лаборатории со чума и антракс во Украина

    spot_img

    Русија во средата рече дека САД треба да ја разјаснат ситуацијата со, како што тврдат, воено-биолошката програма во Украина, која Вашингтон ја отфрли како „апсурдна“ дезинформација.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров изјави дека Русија открила докази за наводна програма за време на инвазијата на Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

    Захарова тврди дека програмата вклучува и смртоносни патогени како чума и антарксија.

    „Украина негира какви било такви тврдења“, изјави портпаролот на украинскиот претседател.

    Портпаролот на Пентагон во вторникот рече дека „апсурдните руски дезинформации се очигледно лажни“.

    Захарова рече дека Русија има документи кои покажуваат дека украинското Министерство за здравство наредило да се уништат примероци од чума, колера, антракс и други патогени по 24 февруари, кога започна руската инвазија.

    „Веќе можеме да заклучиме дека развојот на компонентите на биолошкото оружје се одвиваше во украинските биолошки лаборатории во непосредна близина на територијата на нашата земја“, рече таа.

    Ројтерс пишува дека не било можно самостојно да се потврди автентичноста на таквите документи.

    Захарова тврди дека наводната програма била финансирана од Пентагон. „Овде не зборуваме за мировни или научни цели“, рече таа. Администрацијата на Бајден мора „официјално“ да му објасни на светот за што се работи, додаде таа.

    Захарова рече дека не е јасно дали наводните материјали се уништени и праша дали паднале во рацете на екстремисти или националисти.

    Русија веќе неколку години ги обвинува Соединетите Држави за соработка со украинските лаборатории насочени кон развој на биолошко оружје, а тие обвинувања се интензивираа во екот на пандемијата на коронавирус. Соединетите Американски Држави и Украина ги отфрлаат ваквите наводи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img