More

    МИЦКОСКИ : „НЕМА НИШТО ЕВРОПСКО КАЈ СДСМ И КАЈ ДУИ“

    spot_img

    Кампањата на владата „Ние сме Европа“ е еден плагијат, бидејќи нема ништо оригинално кај Владата на ДУИ и СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Гази Баба.

    – Најмалку овие политички измамници, криминалци имаат право да се повикуваат на Европа, бидејќи тие се срамот за Европа. Сè додека овие луѓе се претставуваат себе си како промотори на европските вредности, за жал и кредибилитетот на самата Европа во очите на граѓаните ќе опаѓа – рече Мицкоски.

    Овде, додаде тој, и европските дипломати имаат можност да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребува Европа, „бидејќи европска вредност не се чекорите на Владата да потпишува на слепо секакво национално предавство, туку европска вредност е она за што зборував претходно, како квалитетно образование, здравство, силна економија и слично, тоа е вистинска европска вредност”.

    Мицкоски укажа дека тоа што Владата го прави нема врска со европска вредност.

    – Не е европска вредност да клекнете во Софија и да потпишете договор или протокол со кој национално ќе го обезличите народот и да се претставувате како европски политичари. Тоа е предавство и за тоа предавство историјата ќе суди”, заклучи Мицкоски.

    Тој рече дека е можна лидерска средба, но само таква на која ќе се разговара околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада.

    – Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса – рече Мицкоски.

    Тој потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека се останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img