Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина.
На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.
Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина.
– Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје – рече Путин, пренесува Риа Новости.
Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.