More

    „Москва го чека исходот од изборите во САД“

    spot_img

    Рускиот лидер Владимир Путин блефира со новата доктрина за нуклеарно оружје и ова не му е прв, ниту последен пат, тврди Ајвор Бент, дописник од Москва за Скај Њуз. Според него, заканата овојпат била со цел да се прекројат „руските црвени линии“.

    Предлогот на Путин е во сегашната доктрина да се вклучи клаузула, според која војната против Русија од страна на ненуклеарна земја со поддршка на нуклеарна сила ќе стане основа за користење на руското нуклеарно оружје. Рускиот претседател, отворајќи го Советот за безбедност на Русија во средата, нагласи дека Москва ќе размисли за таков потег доколку открие почеток на масовно лансирање ракети, авиони или беспилотни летала против неа.

    Кремљ денеска дополнително ја нагласи оваа закана, па портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, тврди дека вчерашната најава за промена на руската нуклеарна доктрина „Западот треба да ја сфати како специфичен сигнал“.

    Овие закани на рускиот лидер доаѓаат во време кога украинскиот претседател е во посета на САД и на средба со американскиот претседател Џо Бајден ќе побара користење на ракети со долг дострел. Бајден денеска најави дека новиот предложен пакет воена помош за Украина ќе содржи лизгачки ракети.

    Дописникот на Скај Њуз коментира што би значело ако Русија ја промени нуклеарната доктрина:

    „Во моментов тоа е само ако е загрозено постоењето на државата. Но, вчера Путин рече дека сака да ја промени оваа доктрина, така што, теоретски, Русија може да одговори со нуклеарни бомби на напад од која било држава што користи конвенционално оружје – како на пр. проектили, беспилотни летала и авиони“.

    На слично мнение е и украинскиот политички коментатор и екс-советник, Антон Герашченко. Тој на социјалната мрежа Икс напиша:

    „Русија ги чека резултатите од изборите во САД. Во моментов има една точка на притисок: да го зголеми интензитетот на нападите врз украинските градови и да го зголеми степенот на ескалација со заплашување со нуклеарен удар“.

    Според Герашченко, Путин не би се осмелил да употреби нуклеарно оружје бидејќи тоа би го направило целосно „отфрлен“.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img