Монца би можела да испадне од календарот на Формула 1

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, призна дека иднината на Монца како домаќин на Големата награда на Италија е неизвесна доколку организаторите на трките и сопствениците на патеките не направат некои значајни подобрувања.

„Храмот на брзината“ е домаќин на Формула 1 од 1950 година, а Монца го држи и рекордот по бројот на одржани трки на една патека – 72. Најуспешни возачи во историјата на оваа патека се Луис Хамилтон и Михаел Шумахер со 5 победи секој.

„Преговараме за иднината на Монца, но ни треба повеќе за успешно да ги продолжиме преговорите“, изјави Доменикали за радио РАИ. „Одржувам добри односи со Мотоспорт федерацијата на Италија, но поправките и подобрувањата во Монца мораа да се случат веднаш по последната трка во таа земја, а всушност се уште ништо не е направено. Тоа е конструктивна критика, мора да има подобрување“.

Истовремено, Доменикали ја пофали „Имола“ и враќањето на оваа патека во календарот, иако во 2023 година трката не се одржа, поради големите поплави во регионот Емилија Ромања.

Сепак, шефот на Формула 1 јасно стави до знаење дека доколку Монца го загуби домаќинот, Големата награда на Италија лесно може да се пресели во Имола, отворајќи уште еден простор во календарот на Формула 1 за нова трка.

Share This Article