More

    Монструмот од Младеновац ја обзнани причината за масакрот

    spot_img

    Денеска во Специјалниот суд во Белград почна судењето на Урош Блажиќ (22) од Дубона кај Младеновац. Блажиќ на судењето ја изнесе својата одбрана, признавајќи ја вината и во таа прилика го откри мотивот што го довел до масакрот, пишува српски Мондо.

    Адвокатот Петар Луковиќ го праша својот клиент Урош Блажиќ како се чувствува после сè.

    – Се чувствувам лошо. Кога го прочитав обвинението, не се чувствував добро и ми е лошо дури и за една нивна рана, а камоли за сето тоа што им го направив. Не можам да го вратам времето назад и она што го направив со моите врсници. Сурова судбина – рече тој.

    На прашањето од адвокатот на оштетените семејства, поточно адвокатот кој ги застапува жртвите од Мали Орашје, како неговата денешна изјава се разликува од она што го кажа во обвинителството, а стои во обвинението, Блажиќ одговори:

    – Знам дека обвинението е различно, но она што го кажав денес е точно, сè што е поврзано со оружјето. Не сакам татко ми да плати за тоа што го направив. Нема да пцујам, но тоа што го кажав денес е вистина. Нема да одговарам на прашања бидејќи не можам да се изразам правилно и не сакам нешто да се извади од контекст, тоа е единствената причина поради која не сакам да зборувам.

    Блажиќ ја откри причината за масакрот.

    – Се испоставив дека сум убиец, не сакам да се вратам на таа вечер. Сакам да кажам дека што се однесува до обвинението, не сакав таксистот да ми даде 2,3 илјади динари да преживеам, не ми беше гајле за бандитство, не сакав да ограбам таксист, да ја завршам воената академија не ми се допадна и се покажа дека сум отфрлен од општеството од таа вечер почнав да користам стероиди, што ќе ми направи тоа, но секогаш сум во грч, па почнав да ги земам. После нова година отидов во Германија за да заработам, се вратив на крајот на април, 15 дена пред злосторството не се чувствував добро кога се вратив, почувствував дека мештаните ме мразат -изјави Блажиќ, земајќи го весникот што се наоѓаше пред него и продолжи:

    – Не знам што друго да кажам. Јас сум виновен и ќе бидам казнет за тоа. Да, патем да додадам дека имаше преписка (на социјалната мрежа Вастап) со Виктор Ѓорѓевиќ и девојката кој се наоѓа во Обвинението, тоа беше капислата за сетоа ова да се случи. Се чувствував ненормално таа вечер, ме облеа пот, и се случи некакво зло… Стеориди ми ги набавуваше Виктор Ѓорѓевиќ, а имам набавувано и сам.

    Виктор Ѓорѓевиќ, спомнат во изјавата на Урош Б., е учесникот во познато реалити шоу на српската телевизија и поранешно момче на пејачката Сања Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img