More

    Молба од ЕУ до кинескиот претседател Си Џинпинг

    spot_img

    Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел на денешната средба во Пекинг го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да го искористи своето влијание врз Русија за завршување на војната во Украина.

    Мишел истакна дека три часа разговарал со Си, а „многу време” поминале во дебата за ситуацијата во Украина. Тој додаде дека го повикал Си да го искористи влијанието на Кина како постојана земја-членка на Советот за безбедност на Обединети нации и да ја убеди Русија да ги прифати правилата на меѓународното право.

    – Претседателот Си многу јасно кажа дека Кина не и испраќа никакво оружје на Русија – посочи Мишел.

    Тој додаде дека за Си „не се прифатливи руските нуклеарни закани”.

    – Искрено се надевам дека меѓународната заедница, вклучително и Кина, ќе ги искористи сите можни алатки и инструменти за да ги убеди Кремљ и Русија да ја прекинат војната и да го почитуваат територијалниот интегритет на Украина, истакна Мишел.

    Како што претходно јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Си на средбата со Мишел истакна дека Кина ќе продолжи да ја зајакнува стратешката комуникација и координација со ЕУ и оти се надева дека институциите на ЕУ и земјите-членки ќе воспостават објективна и правилна перцепција за Кина.

    – Кина ќе остане отворена за европските компании и се надева дека ЕУ може да го елиминира мешањето за да обезбеди фер и транспарентно деловно опкружување за кинеските компании – посочи Си без да прецизира на какво мешање мисли.

    Си наведе дека Кина и ЕУ треба да ја зајакнат координацијата за макроекономските политики, заеднички да создадат нови двигатели на раст и да ја гарантираат безбедноста, стабилноста и доверливоста на индустриските синџири на снабдување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img