Летото заврши, ни претстојат есен и зима, периоди кога се дебелееме и јадеме мрсна храна. Затоа ни треба нешто како зелена лимонада за да не исчисти.
Доколку не сте по радикални диети и тренинзи, доволно е да промените една навика, а тоа е утринската, за да го започнете метаболизмот и да изгубите килограми. Станува збор за пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело. Најдобро од се е што состојките се многу евтини, а за подготовка ви требаат само 5 минути.
Состојки:
– 1 лимон
60 гр магдонос
– 60 ml вода
Подготовка: Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Овој напиток секогаш пијте го на празен стомак. Консумирајте по една шолја дневно 6 дена, па направете 10-дневна пауза, па можете да започнете повторно.
Многу е важно како ќе го започнете денот, а на вашето тело ќе му биде покорисно наутро наместо кафе на работа да пиете чај од магдонос и лимон. Резултатите ќе ги забележите веќе по еден месец.