Брендот ZЕRO донираше два фустана од својата колекција за полуматурскa и матурска прослава на две девојчиња сместени во згрижувачки семејства, информираат од Фероинвест.
– ZЕRO им ја посакува целата среќа на овој свет и ја поздравува грижата на СОС Детско село за своите штитеници, како и потребата компаниите да ја подигнат својата општествена одговорност за поддршка на младите од ранливи категории – велат од модната куќа.
Модната куќа ZERO е најмладата членка на групацијата Фероинвест/Централинвест и деновиве ќе ја објави својата нова колекција за летната сезона која е пред нас.