МНР реагира зошто присуствувал на увидот во клубот „Ванчо Михајлов“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за надворешни работи смета дека бугарскиот конзул, Димитар Иванов, немал право да присуствува на вчерашниот увид на Антидискриминациска во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Што се однесува до присуството на генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола,  Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Конвенцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата“, соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи на С Македонија информира дека го следи и го нотира ангажманот преземен од  Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.

„Цврста заложба на Министерството е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Македонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.

Тоа е право за секого, но и обврска за надлежните институции на државата, која е задолжена да ги почитува и штити правата и слободите на човекот и граѓанинот“, се наведува во соопштението од МНР.

Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација.

Инаку, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вчера влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, по добиена претставка од граѓанско здружение. Оттаму велат дека присуството на конзулот го доживеале како обид за влијание,

Share This Article