More

    Мнозинството Европејци се задоволни од одговорот на ЕУ на руската агресија врз Украина

    spot_img

    Европската комисија објави дека истражувањето на Евробарометар покажува дека мнозинството европски граѓани го поддржуваат одговорот на ЕУ на руската инвазија на Украина и се солидаризираат со таа нападната земја.Мало мнозинство од европските граѓани (56 проценти) генерално се задоволни од одговорот на ЕУ на руската инвазија на Украина, покажа истражувањето, но тие подобро ги оценија поединечните аспекти на дејствувањето на ЕУ.

    Истражувањето спроведено од 12 јануари до 6 февруари годинава во 27 земји-членки покажува дека 91 отсто од испитаниците се согласуваат со обезбедување хуманитарна помош за Украина, а 88 отсто се за прифаќање на луѓе кои бегаат од војна. Давањето финансиска помош од ЕУ за Украина го одобруваат 77 отсто, а економски санкции против Русија 74 отсто од испитаниците.

    67 отсто од Европејците ја поддржуваат забраната за емитување на државни руски медиуми во ЕУ, а 65 отсто поддржуваат вложување пари од ЕУ за набавка на воена опрема за снабдување на Украина.

    Рангирајќи го она што најмногу ги загрижува, Европејците велат дека тоа е првенствено инфлацијата (32 отсто од испитаниците), потоа меѓународната состојба (28 отсто) и снабдувањето со енергија (26 отсто).

    Во делот на истражувањето за економски теми, огромното мнозинство граѓани на ЕУ – 84 отсто, изјавиле дека сметаат оти Унијата треба што поскоро да ја намали зависноста од руските енергетски извори и дека „зелената транзиција“ треба да се зајакне со инвестирање во обновливи извори на енергија (86 проценти).

    Големо мнозинство од 85 отсто од Европејците веруваат дека ЕУ ќе ја намали зависноста од производителите на енергија надвор од ЕУ, доколку ја зголеми енергетската ефикасност на зградите, транспортот и стоките. Повеќе од 80 отсто од испитаниците сметаат дека земјите од ЕУ треба заеднички да купуваат енергија од други земји за да постигнат подобри цени.

    Поддршката за еврото е сè уште многу висока во целата ЕУ (71 отсто), а уште поголема е во еврозоната (79 отсто).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img