Младите од Балканот одлепуваат и танцуваат на песната на Спасен Силјаноски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Деновиве не можете да се вклучите на популарната мрежа ТикТок без да ја слушнете македонската песна „Ќе ти дојдам“ од нашиот популарен пејач Спасен Силјаноски, која стана вирална меѓу корисниците на оваа друштвена мрежа, особено на оние од поранешните југословенски републики.

Во едно интервју Силјановски вели како неговата песна станала толку вирална на оваа социјална мрежа иако „Ќе ти дојдам“ своето деби пред публиката го имаше во 2017 година на фестивалот „Лешочки фолк фест“.

– Ми испратија видео на ТикТок со некои Афроамериканци, мислам дека така започна сѐ, а потоа се разбира, мојот канал на Јутјуб почна да расте, моите деца имаат седум и девет години, секој ден гледаат ТикТок на телефон и само викај: „Тато, пак ти, пак твојата песна!“ – рече Спасен во емисијата.

Спасен е воодушевен од реакциите за песната, пораки за поддршка пристигнуваат од Србија, Хрватска, Босна, Албанија, Словенија…, a на ТикТок ја споделуваат и танцуваат многу корисници на оваа социјална мрежа, а меѓу нив може да се види и познатата српска пејачка Теа Таировиќ.

Во продолжение, погледнете дел од видеата со песната „Ќе ти дојдам“.

 

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За уште изведби на оваа вирална песна на Балканот можете да кликнете на овој линк и да ги погледнете другите видеа.

Share This Article