Младите на Балканот доцна го напуштаат домот на родителите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За разлика од поразвиените земји во Европа, младите на Балканот доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни, покажува истражувањето на Евростат, според кое младите во Северна Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години, јави дописникот на МИА од Белград.

Младите во Хрватска го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, а младите во Естонија најрано на возраст од 22,7 години во просек.

Во просек, младите во Србија го напуштаат домот на своите родители на 31,4 години, во Црна Гора на 33,3 и во Северна Македонија на 32,1 години. Од друга страна, младите во остатокот од Европа го напуштаат домот на своите родители во раните дваесетти години (Естонија 22,7 години, Холандија 23 години, Франција 23,4 години, Велика Британија 24,6 години, Литванија 24,7 години).

Според експертите, главните причини за многу подолг останок во родителскиот дом на младите на Балканот во споредба со остатокот од Европа, делумно лежи во традицијата (посилни семејни врски во нашиот регион), но најдоминантна причина е малата финансиска независност на младите поради ниските плати на работните места.

Share This Article