More

    Младата пејачка ја испеа „Зајди, зајди” и повторно ги освои публиката и жирито

    spot_img

    Младата и талентирана Барбара Поповиќ со потекло од Охрид, повторно ги одушеви публиката и жирито на српското музичко шоу „ИДЈ шоу“ (IDJ Show), пеејќи ја „Зајди, зајди јасно сонце“ и ја освои широката јавност.

    Со својот импресивен вокал, Барбара ги одушеви сите присутни. Поради нејзините одлични перформанси, многумина сметаат дека токму Барбара треба да победи на ова музичко натпреварување.

    Барбара го објави на нејзиниот инстаграм-профил перформансот со кој ги одушеви сите.

    „Моја Македонијо“, напиша Барбара под својата објава од настапот на шоуто.

     

    Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено и основно и средно музичко училиште каде напоредно со клавирот изучувала и соло пеење. Добитник е на многу награди од натпревари како во земјава, така и надвор од неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img