Млад човек од Загреб, кој активно им помагаше на украинските семејства и ветерани во својата хуманитарна работа, загина во Украина во експлозија на противтенковска мина овој вторник додека доставуваше помош.
Трагичната вест која се прошири на социјалните мрежи ја потврдија и пријатели на ужаленото семејство.
Надежен 29-годишник од Загреб, познат на домашните спортисти и рекреативци како личен фитнес тренер, загинал во возило за испорака кое превезувало медицински материјал за украинските борци, пренесува Нови лист.
Возилото налетало на мина на патот и неколку негови колеги од Украина се ранети. За жал, спас немаше загрепчанецот. Тој вчера требаше да се врати во Хрватска.
Имаше купено билет. Работел за здружението од Днепропетровск „За херои“, кое доставувало завои и друга медицинска помош на ветераните.