Мицкоски очекува вториот пензиски столб да ја покрие дупката во првиот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата не размислува да го прифати предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање и зголемување на стапката на придонесите, бидејќи состојбата во Пензискиот фонд се стабилизира, а во иднина ќе почне и исплатата на пензии од вториот столб, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска по седницата на Економско социјалниот совет.

– Состојбата во Пензискиот фонд е стабилна, а буџетската дупка во Фондот ќе биде таква сѐ додека поробустно не почне да се реализира вториот пензиски фонд. Очекувам тоа да се случи за 6 до 7 години. Она што го предложи Фискалниот совет како алатка го имаме и сега, но не размислуваме за нивна употреба – рече Мицкоски.

Тој рече дека Владата не размислува ниту за реформа на трите пензиски столба иако има различни гледања за решавање на прашањето на дупката во Фондот преку национализација на вториот столб.

– Има различни мислења за вториот столб и во мојата партија. Едното е да се продолжи вака како што е сега, а второто да се национализира вториот пензиски столб. Во овој момент не преземаме ништо во тој однос, бидејќи очекуваме наскоро да почне да се менува состојбата со дупката во Пензискиот фонд бидејќи како што реков ќе почне исплатата од вториот столб – рече Мицкоски.

Тој потсети дека со Буџетот за 2025 година кој е во собраниска процедура, се предвидени пари за зголемување на пензиите и дека има средства за раст на платите во здравството и во образованието.

Share This Article