More

    Кацарска го предупреди државниот врв

    spot_img

    Уставниот суд е со четири судии помалку од предвиденото и оваа состојба трае повеќе од шест месеци. Со ваква ситуација Судот се соочува за првпат и со секој поминат ден граѓаните трпат штети, бидејќи нивни иницијатвии и предмети се одложуваат, а Судот не може да одлучува, изјави денеска претседателката, Добрила Кацарска, по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Оваа состојба, нагласи Кацарска, не е проблем само за Уставниот суд, туку и на државата и очекувам поддршка и нивна заложба за побрзо надминување на ситуацијата.

    –  Уставниот суд е независна институција и токму поради намерата да се заштити независноста и угледот на судот, неформални средби со политичари немаме и нема да има ниту во иднина. Затоа ќе ја информираме јавноста за секоја промена и сите апели и барања за поддршка – изјави претседателката.

    Кацарска говореше за сите проблеми со кои се соочува судот и како тоа потоа се рефлектира.

    – Указот за Преспанскиот договор и Законот за употребата на јазиците нема да бидат ставени на дневен ред, сè додека не се изберат девет судии – потврди таа.

    Кацарска дополни и дека судот работи со деловник стар 30 години, а една од темите за кои разговарала со претставниците на извршната и законодавната власт е и прашањето за финансико-административна независност, како и условите во кои работи судот.

    – Предлагам и изгласување на уставна тужба, со цел да се избегне судењето во Стразбур, што ќе биде многу поевтино за граѓаните.

    Претседателката на Уставниот суд дополни и дека доколку до декември не се изберат нови судии, тогаш дефинитивно земјава ќе влезе во уставна криза, бидејќи не може да се работи со четворица судии.

    „Претседателката на Судот посочи на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претстави техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување“, се наведува во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img