„Неколку инфраструктурни проекти коишто ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт поминаа на вчерашната владина седница, конечно еден многу значаен проект после неколку децении ветувања ќе биде завршен, а тоа е завршување на колекторскиот систем во Охрид, изградба на фекална канализација во село Трпејца, коешто е значајно за туристичкиот потенцијал, не само во Охрид, туку и за цела држава, од прилика 68-69 милиони денари со вклучен ДДВ се одвоени тука и дополнителни 53 милиони денари ќе бидат инвестирани за изградба на водоводни системи, фекална и атмосферска канализација во општините Радовиш, Битола и Прилеп. И во периодот што следи ќе има уште вакви проекти, така што тоа што го ветивме, тоа и го испорачуваме, дека проектите коишто се направени, коишто долги годни чекаат на финансирање ќе бидат финансирани од страна на оваа Влада, бидејќи тоа се потребите на граѓаните, тоа се реалните потреби на граѓаните, приказни нема да кажуваме, тоа што го зборуваме тоа го испорачуваме“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
Мицкоски: Обезбедени се 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и дополнителни 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчера на владина седница се донесени повеќе одлуки, меѓу која и одлука за изградба на колекторот Трпејца во вредност од 68 милиони денари, како и 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, потенцирајќи дека Владата се грижи за реалните потреби на граѓаните.