More

    Мицкоски му порача на Ахмети да се помири со поразот

    spot_img

    Не постојат подруми сѐ е транспарентно, природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

    – Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека господинот Ахмети е опкружен со луѓе кои во целиот овој период го доведоа во една ваква ситуација да верува во фантазија, а не во реални работи и тоа е неговата клучна грешка – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ОРА 24.

    Претседателот Мицкоски истакна дека не постојат црвени подруми, ниту некогаш постоеле.

    – Мојата порака е дека не постојат подруми, сѐ е транспарентно, сѐ е јасно. Јас зборував уште од многу одамна дека природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција во Македонија. Така беше и на локалните избори, тие водеа кампања против мене, ВМРО-ДПМНЕ и во Тетово и во Гостивар немаат градоначалници, загубија на овие парламентарни избори. Нема потреба да верува во вакви заговори, не постојат, многу е јасна ситуацијата, многу е едноставна, треба да се помири со поразот, треба да замине во опозиција. Мој совет е да се ослободи од некои луѓе со кој тој е опкружен, треба повеќе да се фокусира на реалните работи и потоа едно ново ДУИ со нови луѓе и освежена кадровска и програмска платформа може да дојде да седнеме да разговараме, да видиме како ќе биде во иднина – дециден е Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img