Мицкоски ќе ја формира Владата пред истекувањето на рокот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Движење на процесите во државата напред, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска од претседателката Гордана Сиљановска Давкова го доби мандатот за состав на новата Влада.

– Набргу од денеска ќе биде составена новата, реформска Влада која ќе има основна цел и задача да ги движи процесите напред. Да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, да ги задвижиме работите во економијата, не’ очекува еден силен инвестициски циклус во економијата – изјави мандатарот Мицкоски.

Тој посочи дека граѓаните се најзаслужни што Македонија ќе добие нова Влада.

– Граѓаните кои на овие избори излегоа и гласаа во огромно мнозинство за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и што гласаа и за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот – рече тој.

Мицкоски најави дека ќе работат и на полето земјоделците, припадниците на МВР, Министерството за одбрана да бидат задоволни.

Новиот мандатар посочи и дека владеењето на правото ќе биде нивната водилка, нешто како што рече, што изостанувало изминативе години.

Идниот премиер не сакаше да ги открие предлог-имињата за новите министерства, бидејќи како што рече, од денеска почнуваат внатрепартиските и внатрекоалициските разговори за членовите на Владата.

Тврди дека „ја следи опасната игра“ кај ДУИ и смета дека поединци сакаат да внесат етнички провокации во соживотот на Македонија.

На прашањето како ја коментира изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши дека неговата татковина е Косово, Мицкоски истакна дека не ја слушнал изјавата.

- Advertisement -
Ad image

– Јас мислам дека неговата татковина е Македонија. И од тоа што сум го разговарал со него, сум слушнал лично дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните од Македонија и тоа треба час поскоро да го направи, со оглед дека добива плата од тука и од страна на Македонците, Турците, Албанците, Власите е избран за претседател на Собранието – истакна Мицкоски.

Share This Article