Мицкоски и министрите во Вашингтон се сретнаа со нашинци од дијаспората

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација е во официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО.

Заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе остварат и повеќе средби со државници, но и со бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората.

„Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Share This Article