More

    Мицкоски го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик кој го користат 72 милиони луѓе ширум светот.

    „Ние како Влада целосно ја даваме поддршката за негување на лингвистичките идентитети, затоа што лицата со оштетен слух и говор го збогатуваат нашето општество и култура. Заедницата на глуви лица, без разлика на етничка и религиозна припадност може да ни биде добар модел на заедништво и користење на еден јазик, македонскиот знаковен јазик. Денес имаме околу 7.000 глуви и наглуви лица кои го користат македонскиот знаковен јазик, а нашата Влада ќе се бори да им обезбеди достоинствен живот и унапредување на правата! Да е честит 23 септември – Ден на знаковниот јазик“, напиша Мицкоски во пораката.

    Тој додава дека Обединетите Нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23 септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик, кој има еднаков статус со сите говорни јазици. Целта е да се подигне свеста за значењето и потребата на знаковниот јазик како човеково право на глувите и наглуви лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img