More

    Мисајловски во посета на Првата пешадиска бригада

    spot_img

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски беа во посета на Првата пешадиска бригада, ударната тупаница на Армијата.

    Министерот Мисајловски на средбата со командантот на Првата пешадиска бригада, бригадниот генерал Сашко Лафчиски упати искрена благодарност до припадниците од Армијата кои се вклучени во гаснењето на пожарите од земја и од воздух и порача дека ќе вложи максимален напор секој војник, подофицер и офицер да биде опремен како што доликува тоа за НАТО Армија.

    За време на посетата беше извршен брифинг за мисиите, задачите и плановите за модернизација и развој на Првата пешадиска бригада и за активностите кои се реализираат преку оваа команда.

    Министерот Мисајловски истакна дека Армијата согласно својата мисија и задача потребно е секогаш максимално да биде подготвена во извршување на својата уставна обврска, но и при учеството во мировните мисии и операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Тој дополни дека најнапред потребно е да се фокусираме на систематско решавање на предизвиците заедно со Генералштабот, во преден план за обезбедување соодветна опрема, што дополнително ќе придонесе за подобрување на способностите и можностите за исполнување на НАТО целите на способност.

    Во рамки на посетата беше презентирана дел од опремата и возилата со кои располага Првата пешадиска бригада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img