More

    Министерството за здравство ги поддржува барањата на синдикалците

    spot_img

    Министерството за здравство ги поддржува заложбите на медицинските синдикални здруженија за подобар здравствен систем како и поефикасна  здравствена услуга на пациентите, информираат од Министерството.

    Соопштението од МЗ доаѓа по денешната прес конференција на која претседателот на Синдикатот на Клинички центар, д-р Предраг Серафимовски најави тужби до Фондот за здравствио и до Министерството за дравство и протести доколку не се исполни барањето за усогласување на платите на здравствените работници.

    „Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на последниот состанок со претседателот на Синдикатот на Клинички центар д-р Предраг Серафимовски и со д-р Љубиша Каранфиловски претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита разговараа за состојбите во здравството и беа спомнати повеќе идеи во врска со Клинички центар, специјализациите, подобри услови за работа на здравствените работници, нивно стручно усовршување“ – информираат од Министерството за здравство.

    Во соопштението се наведува дека пресметувањето и исплатата на платите ќе се разгледа на работна средба во септември.

    „На состанокот беше договорено дека од септември ќе се одржи работна средба на која подетално ќе се разработат одредени актуелни прашања, меѓу кои и пресметување и исплата на платите во здравствената дејност“ – стои во соопштението од Министерството за здравство.

    Од Синдикатот денеска побараа усогласувањето да биде со августовската плата, инаку можни се и протести.

    – Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши, пред покачувањето најавено во септември, ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерството за здравство, а во согласност со членството, со консултации, може да почнат и протестите – нагласи Серафимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img