Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

– Услугата и досега беше достапна на порталот, но иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е сѐ во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализацијата на услугите и на процесите во Министерството е еден од нашите врвни приоритети како Влада и како Министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста за корупција од којашто страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата – истакна министерот Тошковски.

Националниот портал uslugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од Министерството за дигитална трансформација и е централен портал каде што се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Тошковски потенцираше дека се Министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Share This Article