Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на војната меѓу израелската армија и палестинското исламистичко движење во Појасот Газа загинале 24.285 лица.
Како што се наведува, најголем дел од загинатите се жени, деца и помлади лица.
Министерството додаде дека 61.154 лица се повредени од почетокот на војната и дека многу се уште се под урнатините.