Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.

– Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење – истакнува Тошковски.

Во тој контекст, како посочува Тошковски, за само две недели доставени се вкупно 12476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена (18.01.2024 – 09.03.2024г.) биле доставени 10100 лични карти, односно 202 дневно.

– Овие бројки покажуваат дека новата мерка која ја донесовме пред две недели, а која се темелеше врз основа на претходно направени анализи е исправна и дава одлични резултати – вели министерот за внатрешни работи.

Share This Article