Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
На Фејсбук статус Лога напиша:
„Ве информирам дека денеска со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, напиша министерот.
Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски.
Во бегство е од крајот на ноември. Двете убиства ја згрозија јавноста. Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во школо. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.
За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.