More

    Министерот Весиќ го промовираше најновиот воз во српската железница

    spot_img

    Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Горан Весиќ преку својот профил на Тик Ток го промовираше новиот брз воз, кој ќе сообраќа меѓу Белград и Будимпешта за само три часа, а до Скопје за помалку од два часа.

    – Дали знаете дека наскоро ќе можете да стигнете до Будимпешта за помалку од три часа со овој брз воз? Јас сум во најновиот брз воз што ќе сообраќа од Белград до Будимпешта. Ова е најмодерниот воз во Европа, а ќе вози со брзина од 200 km/h. Јас сум во прва класа на новиот брз воз. Квалитетот на втората класа е скоро ист, се разликува само по бројот на седишта Погледнете, овде можете да ги полните мобилните телефони, лаптопот, да имате бесплатен Wifi и секако да ручате. Овој воз е долг 103 метри, има 250 седишта, а како што можете да видите – луксузно е опремен. Имаш простор за велосипеди, можеш убаво да си го ставиш велосипедот, да одиш од Белград до Будимпешта, да возиш низ Будимпешта. Што го прави овој воз единствен во светот? Има свои литиумски батерии, доколку снема струја можно е возот да помине 10 km со брзина од 30 km/h. Србија во моментов купува најмногу брзи возови во Европа. И затоа нашите граѓани за три часа ќе одат во Будимпешта, за 100 минути во Ниш, за нешто помалку од два часа во Скопје, а во иднина и во Солун – рече министерот Весиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img