More

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е против замрзнување на трговските маржи бидејќи според неа таквата мерка нема да ги постине очекуваните резултати, но рече дека одлуката на владата е конечна

    spot_img

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е против замрзнување на трговските маржи бидејќи според неа таквата мерка нема да ги постине очекуваните резултати, но рече дека одлуката на владата е конечна.

    Според министерката, Законот за нефер трговски практики ќе даде подобри резултати од донесената мерка.

    – Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цени, маржи, тоа се сложени методологии за пресметка, и во државните институции нема доволно капацитет кој може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Во периодот кој следи очекувам да има промени во тој дел, и да не се продолжува на истиот овој начин, затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи колку што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација – рече таа на прес-конференцијата посветена на 100 дена влада.

    Димитриеска Кочоска, како што рече, го подржува Законот за нефер трговски практики.

    – Сметам дека тој повеќе ќе го регулира пазарот отколку овие математики кои ги правиме. Законот за нефер трговски практики многу поедноставно може да се проверува и следи во однос на она што значи замрзнување на цени – рече таа.

    Запрашана дали била против одлуката кога се носела, министерката рече дека таа ги формира ставовите според издржани анализи.

    – Јас сум човек што има став и не го менувам така едноставно, затоа што ниедна одлука досега не сум ја донела избрзано, ниту сум ја донела поради некаков инает туку само врз база на тоа што значи анализа на бројки и воочување на реалноста. Ако сум добила податоци и гледам дека профитабиолноста не е таква каква што компаниите или некој друг се обидел да ја претстави јас не можам да замижам на тоа. Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна, а јас само го кажувам мојот став и сметам дека е многу сложена проблематика особено во услови кога имаме проблеми од другата страна во однос на администрацијата и тоа кој ќе ги следи мерките и дали правилно ја анализирале методологијата, како ќе стигнеме до таа бруто трговска маржа – рече Димитриевска Кочовска.

    За министерката се дискутабилни и високите цени при услови на инфлација од 2 до 3%.

    – Кога има таква инфлација значи не може цените да пораснале и да се толку високи. Суштината е, кои цени се високи. Каде е најголемиот проблем? Тоа се цените на зелените пазари, и во овој момент граѓаните кога работат и кога подготвуваат зимници тука е најголемиот ефект е тука е проблемот. Ова е комплексно прашање и не се решава само со замрзнување на цени во еден месец и носење на одлука на Влада. Кај нас проблемот се земјоделските производи. За жал од година во година имаме сѐ помало производство на овие производи и сѐ поголем увоз – рече Димитриеска Кочовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img